Брз, лесен и ефикасен процес на онлајн резервации.

Што е Слободно?

Слободно е платформа за преглед и онлајн резервации на детски активности. Нашата цел е да го олесниме процесот на резервирање детски родендени и активности – без телефонски повици, пораки, дупли термини и недоразбирања. Создадовме централизирана платформа која го прави планирањето лесно, брзо и без стрес.

За родители

Најди го совршениот термин за неколку секунди.

Сакате да организирате роденденска забава за вашето дете без чекање, без прашања и без стрес? Нашата платформа ви овозможува:

Преглед на сите игротеки и активности на едно место.
Детални информации: капацитет, цени, работно време и слики.
Календар во реално време – секогаш точни и ажурирани слободни термини.
Онлајн резервација 24/7 – кога вам ви одговара.

Без телефонски повици. Без недоразбирања. Само јасно и едноставно планирање.

За игротеки

Дигитализирајте го вашето работење

Ви треба алатка за полесно и поефикасно менаџирање на термините? Придружете се на платформата и добијте:

Автоматизација: Крај на тефтерите и грешките при запишување.
Едно место за внес и управување со сите резервации.
Секогаш ажуриран календар – без дупли термини и пропуштени повици.
Професионален дигитален приказ на вашиот бизнис, достапен 24/7.
Помалку информативни повици, повеќе фокус на децата и услугата.
Поголема видливост кај родители кои активно бараат слободен термин.

Вие се грижите за забавата – ние за организацијата.

Наша Мисија

Нашата мисија е да создадеме модерен, безбеден и едноставен систем кој штеди време, ја намалува комуникацијата и создава повеќе незаборавни моменти. Веруваме дека дигитализацијата на резервациите не само што ја олеснува работата, туку создава и заедница на задоволни семејства и успешни бизниси.